Растенијата во еден простор можат да направат многу, тие се еден од деталите кои можеби, најмногу ја збогатуваат собата.

Ако вашите растенијата без некоја посебна причина мистериозно ви умираат, обидете се со растенија кои се лесни за одржување.

1. Philodendron е растение познато по тоа што бара минимална нега. Тоа е многу популарно собно цвеќе со убави декоративни лисја. За филодендронот е важно да не е на директна сончева светлина, а тоа ќе го забележите ако лисјата му жолтат, тогаш едноставно, преместете го. Се залева по потреба, а од суштинско значење е почвата да не е сува. Во лето се залева почесто и во поголеми количини, а во зима помалку и со повремени прскања на листовите.

2. Фикусот е собно растение препознатливо по своите големи зелени листови. Тоа потекнува од тропските региони на Азија и постојат многу варијанти на ова растение. Од суштинско значење за одржување се две работи. Треба да се обезбеди доволно топлина и влага. Минималната температура не треба да биде под 10 степени, но затоа со доволно вода е многу издржлив на високи температури. Фикусот сака да биде ви полусенка, ако е можно поставете го на источниот или западниот прозорец. Поместувајте го колку што е можно помалку и ако го чувате подалеку од клима-уредот или радијаторот, ќе имате растение, кое ќе живее долго време.

3. Dracaena Мarginata е домашно растение со потекло од Мадагаскар. Родот Dracena вклучува околу 40 видови дрвца. Marginata е ниско дрво што расте полека, а може да достигне висина од околу 2 и пол метри. Едно е од растенијата кое најдобро го поднесуваат нередовното залевање со вода, а добро ги поднесува високите и ниските температури.

4. Јапонското (пари) дрво  Krasula, е отпорно растение, кое може долго да трае. Во Кина, се верува дека ова растение има улога на привлекување на пари, а филозофијата на фенг шуи вели дека ќе имате многу пари ако местото на растението е некаде во близина на влезната врата на вашиот дом. Красулата цвета со ситни бели цветови во зима, а може да достигне висина до 3 метри. Во зима, може да ја залевате на секои две недели, а во текот на летото почесто.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајава за новата колекција на Parfois есен/зима 2017
Следна објаваСо најлесен начин до совршена линија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР