ТАА – последната форма на себе изразување

Кампањата на PARFOIS за есен-зима 17/18 ја најавува новата сезона преку концепт кој ја слави жената која се чувствува исполнето преку процес на себе откривање и која ужива во сопствената кожа.

Оваа кампања се раѓа во околина исполнета со контрасти и опкружена со уметност, архитектура, видео и танц. Главни ѕвезди на кампањата се Lottie Harvest и Sigrid Vieira, а локацијата на фото сесијата е Економскиот Факултет во Порто – зграда од 1974 година, проектирана од страна на Viana de Lima. “ТАА” е дефрагментиран наратив во која Lottie и Sigrid го бараат истото, но на различен начин – нивната ескпресија е уметничка, женствена и се разбира, уникатна.

Во околина каде танцот и уметноста одат рака по рака, PARFOIS нуди колекција која е еклектичен микс од стилови, материјали и детали. Колекција која се базира на контрасти  – класичното и модерното се преточени во модни додатоци во кои ќе уживаме за време на есента и зимата; гранџ и спортски комбинации за релаксиран изглед – удобно, со доза на бунтовност.

Инспирацијата од друг простор и време доаѓа во микс од такенини, дезени, цветови, разнобојни и апстрактни принтови, монистри и крзно. Палетата на бои е зимска, но сепак забавна – бежова, сива, црна и камел боја во комбинација со црвена, сина, портокалова, виолетова и бургундско црвена.

За есен-зима 17/18, брендот има дополнување на новитетите  – накит од сребро, прстени со позлата, како и парчиња кои може да се прилагодат според сопствениот вкус со различни привезоци.

Во новата сезона останува идејата дека не постојат правила и сè може да се комбинира. Она што е важно е личниот стил на секој од нас. На крајот на краиштата, најдобар начин на себе изразување е да се остане свој.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИрена Христова: ,,Од длабочините на моето срце‘‘ е мој поетски автопортрет
Следна објава4 собни растенија кои се речиси неуништиви!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР