Вечер на „Скопско лето“ во Музеј на Град Скопје од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопски легенди“ од Данило Коцевски, во издание на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Данило Коцевски (1947) со своите текстови и книги стана еден од најпознатите хроничари на Скопје од крајот на 20-тиот и почетокот на 21 век. Рецензентката на неговата најнова книга, писателката Весна Ацевска, пишува дека и овојпат Коцевски отвора широка слика од речиси целокупната историја на Скопје – античкиот, средновековниот, османлискиот, периодот на балканските и Првата светска војна.

– Во тој контекст, авторот посебна нагласка става врз периодот помеѓу двете светски војни и на предземјотресното Скопје кое во еден општ термин се опфаќа како феномен на Старо Скопје. Но тука се опфатени и феномените, настаните и случувањата по скопскиот земјотрес со многуте специфики од тогашниот живот. Коцевски прави и една синтеза бидејќи пишува и за современото Скопје кое на еден или на друг начин го продолжува урбаниот дух на градот, пишува Ацевска во рецензијата.

Во книгата е одбегнато досегашното визуелно претставување на Скопје преку фотографии на објекти и архитектура, и се донесуваат раритетни фотографии директно земени и зачувани во семејните албуми.

Така на пример се откриваат интересните животни судбини, животописи, но и непознати фотографии од основачот на скопската зоолошка градина и членовите на неговото семејство, преписката на големиот писател Томас Ман со Скопје и професорката на скопскиот факултет Аница Ребац, присуството во Скопје за време на Првата светска војна на две личности помалку понати кај нас, лејди Вимборн, тетката на Винстон Черчил, како и познатата хуманистка и медицинарка лејди Пеџет која на крајот од 1914 година формирала болница во скопската гимназија „Идадија“ и несебично им помагала на скопјаните за време на војната…, открива рецензентката Ацевска.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEase – колекција пролет/лето ‘17 на Ирина Тошева
Следна објаваФилмот „Златна петорка“ ја освои наградата „Бест Балкан спирит“ на фестивал во Поградец
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР