Во волшебната серија на фотографии, фотографот Tони Рос го истражува концептот во кој принцезите живеат среќно засекогаш. Фотографот “патува низ времето” за да ги фати портретите на некогаш младите принцези во улогите на моќни кралици.
Оваа серија на фотографии во кои моделите се облечени во омилените Disney ликови направена е во соработка со костимографот Нефи Гарсија или „Design Daddy“. За ликовите да бидат веродостојни, секој е облечен во препознатливата облека на својот лик и е сместен во за него препознатливата средина.
Во фокусот на оваа снимање се ќерките како принцези и нивните мајки како кралици.
Можеби ненамерно, но оваа серија на фотографии дава силна порака во врска со процесот на стареењето, преку кој сите минувааме и женственоста во текот на целиот живот. Медиумите често ги занемаруваат зрелите жени и како да создаваат став дека стареењето е лошо.