Оваа величествена вила е изградена во далечната 1850 за богато семејство, а потоа е напуштена. Новите сопственици неодамна целосно ја реновираа и го вратија стариот шарм. Вилата нуди прекрасен поглед кон Етна и е опкружена со плантажи со лимон.
Денес, во куќата има 12 спални соби. Во ентериерот преовладуваат материјали како мермер, вулкански камења и теракота, мебел и декорации во марокански стил и интересни антиквитети. Надвор има прекрасен базен кој нуди неповторлива панорамска глетка на која никој не може да остане рамнодушен.