Секоја средба со канта за ѓубре на улица, може да биде непријтна.

Овој интересен проект доаѓа од Њујорк, каде кантите за ѓубре се претворени во вазни за богати букети со шарено цвеќе.

Цвеќарот Lewis Miller ги искористи празните канти за ѓубре и ги претвори во големи вазни од кои се прелеваат шарените цветови и бујното зеленило. Овие инсталации можат да се видат во некои делови на Њујорк и сигурни сме, дека пешаците повеќе не ги избегнуваат средбите со кантите за ѓубре како порано, туку, намерно им се приближуваат за да уживаат во опојните мириси на цвеќето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСината шума во Белгија е магично место
Следна објаваСандали во летно издание од плиш!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР