Зумбулите се едни од најмагичните растенија на светот, а доказ за тоа е шумата Халербос или „Сината шума“ сместена на околу 30 километри јужно од Брисел, Белгија. На пролет, целата шума е прекриена со прекрасни диви зумбули во нијанси на сина и виолетова и на прв поглед изгледа како место од приказните. За магијата да биде уште поголема, во шумата има и огромни дрва од родот секвоја кои дополнително ја збогатуваат оваа филмска глетка. Фотографиите во продолжение нека ви послужат како инспирација да ја посетите „Сината шума“ наскоро.