Станови за самци – велат кога живееш сам, животот е најдобар. Вие сте единствената личност за која морате да се грижите, а вашиот простор е само ваш. Не ви е потребен голем раскошен дом, а вие го декорирате како што сакате. Единствен проблем кај малите станови е тоа, што се премали за да го покажете личниот стил и карактер, но ние најдовме 3 најдобри луксузно уредени станови, за да ве инспираат за уредување на вашата мала оаза на мирот.

1. Овој стан е направен така, да потсетува на мал приватен рај. Островото (работна маса) во кујната и светлите бои во потполност го отвораат просторот и даваат изглед на поголем стан, а купатилото е уредено така да наликува на спа центар.

 

2. Вториот стан е нешто полуксузна варијанта и со побогат изглед, кој на прв поглед ќе ве остави без здив. Темните бои и мермерните елементи, го прават овој стан софисрициран. Просторот е препол со полици и плакари во кои има многу простор за вашите работи.

3. Последниов стан е покаприциозен од другите, има повеќе бои и интересни предмети кои создаават пријатно чувство. Станот е прилично долг, а секој агол е искористен така да има своја функција, без да изгледа тесно и натупано.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваStarbucks отвора луксузна мега продавница!
Следна објаваLouis Vuitton Summer Spirit колекција на чанти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР