“Необичниот каталонец”, така го нарекувале шпанскиот сликар Joan Miró, кој во современата уметност внесе еден сосема нов и различен, а во исто време лесно препознатлив јазиккој некои го нарекуваат “Биоморфна апстрацкција” или “Органско -надреалистички” стил. Неговата намера и во исто време голема желба била да го открие волшебното значење на работите какви што првично биле познати на древните народи. Тој бил длабоко уверен дека секое зрнце песок поседува некоја чудесна моќ.

Роден е на 20 април во малото место Montroigou, во непосредна близина на Барселона. Неговиот строг татко уште во раните години на животот на познатиот сликар се противел неговиот син да се занимава со уметност. Малиот Joan не слушајќи го својот татко своето слободно време го поминувал престојувајќи во природа и цртајќи. Во наредните години тој бил запишан во трговско училиште се со цел да се одврати од идејата да се занимава со уметност. Но, тој тајно го посетува уметничкото училиште кое своевремено го посетувал и Picasso. Откако го завршил училиштето тој се вработил како комерцијалиста, но наредната година тој доживува нервен слом, што е пресуден момент во животот на сликарот за да појде по долго посакуваниот пат, односно да се занимава со уметност.

Во тоа време тој започнува да го посетува уметничкото училиште “Francesco Galia” во Барселона. Таму се среќава со импресионизмот, фаувизмот, постимпресионизмот и грандиозните дела на големите мајстори. Посебно го привлекуваат делата на Matisse, Sezanne i Van Gogh.

Не пропуштал ниедна прилика да се збогати со знаење од областа на уметноста. Првата самостојна изложба ја поставил во 1919 година во Париз, каде има можност да се запознае со Picasso, Andre Breton i Max Ernst.

Бил воодушевен од уметничката атмосфера која владеела во тоа време во градот на светлината. Најголем впечаток му оставил музејот Лувр каде поминувал со часови седејќи и гледајќи во платната на големите мајстори.

Во своето подоцнежно творештво тој на својот фигуративен и наративно-наивен јазик во геометрискиот реализам му дава нов облик и неосетно го менува. Не се придржува на начелата на надреалистичката теорија но и пракса.

Во една изјава тој ќе истакне дека треба да слика “стоејќи цврсто на земја”, на што Andre Breton ќе му замери велејќи му дека сака рационално да го контролира уметничкиот процес наместо природно да му се препушти.

Joan Miró ќе остане запаметен кој со своето творештво создаде еден специфичен и нестварен свет полн со фантазмагорични облици. Виталноста во неговата имагинација е голема движејќи се со леснотија во светот во кој сам го создава. Мотивите се редуцирани на еден вид ликовни шифри, а од голема важност му се знаците . Тежи кон стилизација и со леснотија се препушта на арабеската.

Пред почетокот на втората светска војна тој се повлекува во Palma de Maiorca, каде во самотија изработува керамички дела, литографии и нацрти за таписерии. Од тоа време е познатата серија “Созвездие”. По повод тоа, тој ја дава следнава изјава(Тоа што ме интересира не е самата слика, туку нејзината порака).

Делата на познатиот сликар, оние позначајните денес може да се најдат во најпознатите музеи, а многу од нив се изложени во најпознатите аукциски куќи каде се продават по милионски суми.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР