Брендот Versace Home, претстави три нови линии на Salone del Mobile 2017…

Во прашање е сосема нова линија на производи под име Le Jardin de Versace, која содржи ексклузивни ткаенини и постелнини, елегантен VM11 асортиман и нов дизајн.

Le Jardin de Versace претставува исполнување на летните соништа за многумина од нас, затоа што внесува живи и луксузни бои за дневните соби, трпезариите и спалните соби. На овие дезени,  романтичната страна е акцентирана со силни тонови, а посебно мотивите со пеперутките, со златни барокни детали и цвеќе. Бубамарите и пчелите се исто така дел од декорацијата.

Самите пеперутки во оваа колекција се симбол на моќ – сината пеперутка е симбол и смисол на животот. Жолтата пеперутка ја одбележува љубовта, а во кинеската митологија, таа претставува наоѓање на среќата. Доколку жолтата пеперутка слета на вас, тоа значи дека во скоро време ве очекуваат големи промени. Виолетовата пеперутка, претставува спиритуалност.

Во самото срце на оваа линија, новата Le Jardin софа е тапацирана со тенок металик материјал кој е дело на брендот Rubelli®, а претставена е како едиција со ограничено издание, со само 12 парчиња кои ги потпишува лично Донатела Версаче.

Versace Home na Salone 2017

Versace Home na Salone 2017Versace Home na Salone 2017

Versace Home na Salone 2017Versace Home na Salone 2017Versace Home na Salone 2017

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТенерифе и неверојатниот хотел Bahia del Duque!
Следна објаваВозачката кабина на Ferrari F12 Berlinetta со нов дизајн!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР