Доколу сакате на Денот на вљубените да останете дома и зготвите  вкусен ручек или вечера, со мали детали украсите ја масата. Инспирирајте се од нашите совети и создадете романтична атмосфера на свој начин.

Интересен детаљ на романтичната маса се заврзани чаши. Изберете украсна лента и околу секоја чаша направете машна, а на работ со штипка прицврстете ги чашите со картичка и убави желби.

За овој посебен ден наместо црвени ружи, можете да одберете нежно розеви. Поставете ја масата, најдобро би било да изберете едноставни бели чинии и на нив да сместите по две ружи. По желба, можете да фрлите и по некоје ливче од ружите на масата.

Приборот за јадење поставете го во чинија, а посебен шарм на вашата маса ќе даде една украсна лента со која можете да ги врзете лажицата, вилушката и ножот. На чинијата расфрлете по некое ливче од ружите со срца, кои предходно сте ги исекле од хартија.

Една од најсаканите декорации секако е бел чаршаф за маса и црвени салфетки. Притоа, најдобро е да се изберат бели чинии и на нив поставете бели платнени салфети во некој облик, околу кој ќе врзете украсна лента, а приборот за јадење завиткајте го во црвена салфета.

Одличен детаљ на вашата маса се и пораките на чинијата. Со коцките за играта “Scrabble” можете да напишете  “те сакам”, а подеднакво добро ќе изгледа ако тоа го направите со помош на колачи или бои за јадење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФранцуска куќа на село, која повикува на уживање во преубав амбиент!
Следна објаваМодерна боја заради која облеката изгледа скапо и луксузно!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР