Неминовен факт е дека светот во кој живееме не е идеален, па затоа зошто да не бидеме спремни да се заштитиме од манипулаторите и лажговците? Ние ви нудиме неколку совети како да фатите лажго на дело.
- Дали лагата им се познава на лицето?
Иако веќе истренирани експерти имаат потешкотии да ги детектираат најминималните експресии на лицето кои би издале ум на лажго, сепак вие следете ги изразите на лицето на вашиот соговорник. Нашата психа неволно ни се отсликува на лицето барем понекогаш, така да внимавајте на зацрвенети образи, раширени ноздри, длабоко дишење, брзо трепкање и слични знаци дека мозокот работи поинтензивно. - Дали говорот на телото ги издава?
Ситните детали можат да поминат незабележани, но ситните нешта ја давата целовкупната слика за ставот на вашиот соговорник. Искреноста е спонтана карактерстика која се забележува на соговорникот преку низа на синхрнозирани дејствија. Така што, доколку вашиот соговорник ги припијува екстремитетите кон себеси, ги сведува движењата на минимум и прави слични нешта за да изгледа поситно тоа може да е индикатор дека моментално крои сочна лага. - Каква им е насмевката?
Сите добро знаеме како насмевката може да биде маска зад која ги криеме вистинските чувства. Така да можно е вашиот соговорник додека ве лаже да се обидува да сокрие жал за стореното, страв да не биде разоткриен итн. Искрената насмевка ги вклучува сите мускули на лицето и често изгледа како личноста да се смее со очите, не само со усните. Затоа ако вашиот соговорник при својата насмевка не ги користи сите мускули на лицето, веројатно со таа насмевка сака нешто да сокрие. - Како зборува личноста?
Лажговците сакаат да се дистанцираат од лагата која ја измислуваат, така што нема да ги слушнете често зборчињата јас, мое, мене вплеткани во нивната лага. Исто така но, каде што, освен, иако, ниту нема да бидат дел од една лага затоа лажговците имаат проблем со комплексно размислување и исклучување на можности.