Да се одбере совршено име за бебе е навистина лична работа, но за неколкумина специјалисти за тоа (навистина необично) подрачје, станува збор за уметност. Така и настанала оваа нова група на професионалци, кои се задолжени да најдат најдобро име, помеѓу повеќето илјади имиња.

Sherri Suzanna, основач на њујоркшката организација “My Name for Life”, која се занимава со проблематиката и пронаоѓање на идеални имиња за бебиња, тврди дека и биле потребни години работа, пред да ги открие прашањата за интервју кое го води со луѓето, кои ја бараат нејзината помош!

Според неа, не бирајте име пред да се запрашате околу овие 6 клучни прашања:

Дали името е популарно? Ако оваа година беа популарни долги имиња Елеонора, Лана, Дора, Марта, Матеј, Габриел,…. во 2017 ќе бидат популарни пократки.

Како името звучи реално – обидете се да замислите како го довикувате своето дете, изговорете гласно!

Дали името ќе излезе од мода? – трендовите доаѓаат и си одат а името останува за секогаш!

Дали името поинаку звучи во другите земји и култури?

Се согласува ли името со вашето презиме?

Како различните генерации реагираат на одбраното име? – Ако вам ви се допаѓа, на вашата мајка, баба и на помлади внуци од братот или сестрата, значи навистина сте одбрале добро име!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVictoria Beckham и Estée Lauder повторно соработуваат!
Следна објаваОпрема за вежбање која се вклопува во секој ентериер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР