Ви претставуваме една мошне интересна приказна поврзана со старата индијанска легенда на племето “Ojibwa”, кои се сметаат за први кои го создале и користеле симболот “Dream Catcher”, a кој е поврзан со човековите сништа. Неговата основната симболика и значење е секако универзална и е присутна во многу култури и религии. Модната дизајнерка Ивана Величковиќ е млада девојка која кај нас прва почна да ги изработува овие интересни симболи.

Станува збор за еден вид на реликвија со историска позадина, како вие дојдовте на идеја да изработувате вакво нешто?

Ивана: Бидејќи изработувам и друг тип на накит, за декорациите на Dream catchers решив истата техника-плетка да ја искористам за изработка на накит и модни додатоци, обетки и лачиња од тој тип, потоа почнав со изработка и на аксесоар за коса, тоа ми е најнов моден додаток –Dream catchers.
За изработката на модните додатоци користам дрвени монистри, стаклени, различни видови на конци, природни и арт пердуви,  и плетени цветови.

Во Македонија се поинтензивно се следат светските модни трендови, но сепак, кога станува збор за нешто необично, се уште постои доза сомнеж.
Дали тоа е случај и со Dream catchers?

Стилот на моите креации е необичен и  уникатен, наменет е за младите девојки кои секако дека ги следат светските модни трендови но сепак секој си има различен вкус и избор за својот стил.Бидејќи секој има различна замисла за својот стил имам изработено тренди,елегантни и модерни фустани, сукњи и кошули исто така и други уникатни модни колекции.
Кога станува збор за декорациите и накитот -Dream catchers има доста луѓе и постари и помлади кои знаат кое е нивното значење и ми нарачуваат на интернет, некој за себе а некогаш и за поклон. Иако кај нас не е како во америка да има дреам катчер во секој дом има луѓе кои ја тетовираат сликата – дреам катчер, имам другарка која има таква тетоважа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР