Постојат филмови кои гледајќи ги како целина и не оставaат некој посебен впечаток, но ако се сконцентрираме на некој посебен кадар може тој да биде одлучувачки за да ја согледаме генијалноста на истиот.

Најновото филмско остварување на младиот режисер Damien Chazelle , е филмот “La La Land” кој американската академија им додели дури 14 номинации, изедначувајќи ги со “Титаник”(1997) и “Ева”(1950).

Ова е љубовна приказна помеѓу двајца млади артисти, џез музичарот Себастијан (Рајан Гослинг) и младата надежна актерка Миа(Ема Стоун).

Филмот ја имаше својата премиера на отварањето на 73то издание на Венецискиот филмски фестивал. Младиот режисер кој и самиот е џез музичар во интервјуто после премиерата на филмот им објасни на новинарите зошто мјузиклите се неговиот омилен жанр. Тој вели во денешно време повеќе од било кога се потребни надеж и романса на големото платно, а мјузиклите се всушност тоа како да се наоѓате во земјата на соништата и во кој моѓете да си запеете и така да ги нарушите правилата на реалноста.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ