Оскаровката и активистка на 21 овој месец го прослави 79от роденден. Но таа е жив пример за точноста на фактот дека не е важно колку години имаме низ животот туку колку живот имаме низ годините.
Оваа витална жена е симбол за живост, енергичност и здравје. Успеа да го преврти светот со своите фитнес видеа и часови и нејзината изјава за модното списание Vogue во далечната 1979 е совет кој “држи вода“ и ден денеска: „Рано осознаав дека вежбањето има огромен ефект врз мене како личност, како и мојот личен морал. Со забрзаното темпо на живеење и работа, често од мене излегува и сето акумулирано добро, но со вежбање успевам да се вратам во колосек, да бегам од депресијата, да добијам дополнителна енергија – вежбањето прави голема разлика!“. Баш звучи како совет со кој би можеле да влеземе енергично во новата година, нели?
Фонда несебично споделува разни совети за исхраната, вежбањето и воопшто за тоа како да останеме здрави и витални, па затоа полека го добива статусот на вистинска икона.
Џејн, која промовира различни начини на физичка активност за различни метаболизми и градби, за вежбањето вели: „Без разлика за какво вежбање сте се одлучиле секогаш имајте го на ум големото трио: аеробика, издржливост и истега
ње и вежбајте три пати неделно по барем половина час. Аеробиката е важна затоа што тоа е единствениот начин да се ослободите од мастите кои се длабоко во ткивото. Изгладнувањето и диетите не можат да го постигнат тоа.“.
За слабеењето Фонда вели: „Намалете ја количината на храната а зголемете ја зачестеноста на вежбите. Конзумирајте помалку шеќери, а повеќе свежи намирници. Лично јас не можам да го замислам денот без свежи овошја и зеленчуци во темно зелена и виолетова боја. Свежи оброци со многу вибрантни бои: зелена, портокалова, жолта, црвена се суштината на една витаминска бомба.“.
За диетите Џејн држи став дека се апсолутно непотребни доколку внимавате на вашето тело и организам. Јадете што сакате, но нека биде добро за вас, нека биде свежо и здраво. „Важно е да јадете само кога сте гладни, а не затоа што е 1 часот или 5 или 7 часот.“ Исто ја потенцира важноста на еден здрав појадок, како основа за енергија низ целиот ден.
Па како да не веруваме на една навистина грациозна дама за која никој би рекол дека има повеќе од 45 години?