Звучи неверојатно, драги наши читатели но ова е чиста вистина. Имено, малото место кое се наоѓа во шпанската провинција Leon, Cerezalas del Condado од неодамна стана село на милионери, а сето тоа благодарение на само еден човек.

Antonino Fernandez, милионер и филантроп во својот тестамент оставил порака дека сето свое богатство го остава на своите сожители на ова мало местенце. Тој починал во август оваа година на 100 годишна возраст. Своите 200 милиони евра тој ги оставил на сите 80 жители кои живеат тука, што значи дека секој жител ќе добие по 2,3 милиони евра. Останатиот дел ќе му припадна на културниот центар кој се наоќа тука.

Антонино е роден во 1917 година и по завршувањето на основното училиште тој бил принуден да го напушти понатамочното школување во недостаток на материјални средства. Неговиот животен пат продолжува во Мексико каде тој се жени со Cinia Diez чии татко е сопственик на фабриката Корона кој произведува пиво.

Во наредниот период Антонино станува главен менаџер на фабриката и придонесува за унапредување на пивото во едно од водечките во светот.

И покрај големата слава и богатство тој не го заборава својот роден крај и редовно вложува материјални средства во него за после неговата смрт и да го остави целото свое богатство тука. Одликуван е и од шпанскиот крал Хуан Карлос за својата филантропска и хуманитарна работа.

303270_2274409593538_1647645837_2226737_109078999_n

la foto

Fundacion Antonino en Cerezales /

NACIMIENTO DE CEREZALES DEL CONDADO

934498_1

37297658

antonino-fernandez-kqni-620x349abc

planovegas

logo-belen-cerezales

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР