Еден дел модерна, друг дел рустична шарена куќа во Мелбурн, Австралија. Дело на Austin Maynard Architects со име Alfred House, всушност е редизајн на двата од порано постоечки катови на зграда, со две спални соби и мала интимна градина во која можат да уживаат само станарите. Со отворањето на големата врата во приватната градина, самиот простор се зголемува и овозможува влез на светлина и свеж воздух. Целиот простор е реорганизиран, така да станарите сега имаат отворена кујна и трпезарија на приземје, а на вториот кат се спалните соби со купатила и плакари.