Eфтини и здрави намирници кои секогаш мора да ги имаме!

Eфтини и здрави намирници кои секогаш мора да ги имаме!

Свесни сме за фактот – да се живее здраво, не ни малку ефтино. Био производите, овошјето и зелнчукот од пазар, се многу поскапи од газираните пијалоци, разни грицки или смрзнати пици. Следниот пат кога ќе одите по набавки, понесете го со вас, нашиот список и бидете спремни за студените месеци кои се пред нас – и ќе бидете поздрави и енергични од било кога!

Пилешки гради

Содржат таканаречени добри протеини кои не само што се добри за здравјето, туку и со часови ве држат сити, па не морате во текот на денот да се нафрлите на грицките.

Банани

Богати со калиум, на списокот се од ефтините намирници кои се добри за вас! Јадете ги сирови или печени во разни комбинации со леб или колачи.

736047-93292399

Јајца

“Секое утро едно јајце на организмот сила му дава” стара поговорка. Јајцата не се само за доручек. Консумирајте ги во било кое време во денот. Додадете им спанаќ, малку сирење и лукче и имате вкусен омлет, спремен за 5 минути.

Домати во конзерва

Доматите во конзрва се користат за многу рецепти, супи, чорби, разни варива , чили и разни сосови. Брзо и ефтино!

Морков

Bugs Bunny воопшто не беше глуп, кога по цел ден јадеше моркови. Сварете го морковот, ставете го во сосови или варива или пак јадете го сиров во салата.

mrkva

Лосос во конзерва

Препол е со омега – 3 киселини и помага во смалување на холестеролот. А не е ни скап за разлика од свежиот лосос. Најдобар е во комбинации со сосови и тестенини, но можеби и вие ќе откриете сопствена варијанта која најмногу вам ви одговара

Смрзнато овошје

Смрзнатото овошје одмрзнете го, ставете го во миксер, додадете јогурт и имате смути идеален во секое време на годината.

Грозје

Најдобриот антиоксидант што природата ни го дава. Се останато е непотребно!

Јаболки

Верувале или не, англиската поговорка – едно јаболко на ден, го чува докторот подалеку, е вистина.Таа е одличен антиоксидант и прави чуда во намалување на процесот на стареењето.

images

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHarvy Nichols | Нов луксузен салон за убавина во Лондон
Следна објаваСветлечки обележувалки за книги
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР