1Дизајнерката на накит и фотографка Манон Ричард е најпозната по изработката на светлечки модни додатоци, но со нејзиниот најнов изум оди и чекор подалеку. Станува збор за обележувалки за книги кои светат во темница, а кои не само што се интересен аксесоар кој ќе им даде магичен допир на кориците од вашите омилени книги, туку имаат и мошне практична функција. Направени се од квалитетни материјали кои сјаат во сино-зелена, тиркизна боја, а се’ што треба да направите е да ја наполните обележувалката со природни или вештачки извори на светлина (потребни се само неколку минути), по што предметот започнува со испуштање на енергија во вид на светлина во текот на ноќта. На тој начин, овозможува уживање во читањето дури и во доцните часови. Одлична идеја, зар не? Погледнете како изгледаат овие чудесни обележувалки во галеријата во продолжение.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEфтини и здрави намирници кои секогаш мора да ги имаме!
Следна објаваПрв поглед на есенската колекција на H&M Studio!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ