1

Veglia Palace е името на прекрасната вила на островот Крк во Хрватска, која наскоро ќе биде реновирана и ќе добие нов, модерен лик. Сместена во мало, шарматно место за одмор, оваа летна куќа дише во духот на морето. Изградена е во австро-унгарски стил на архитектура со многубројни историски елементи. Зад претстојната реконструкција се потпишуваат Lotus Architecti кои направија одличен проект. Куќата има пет спални со пет посебни бањи и неповторлив поглед на морето. Интересен елемент е трпезариската маса во форма на бродче како централен дел на просторот за јадење. Уште нешто што ја издвојува оваа куќа е тоа што во неа се наоѓа реставрираниот автомобил Мерцедес кабриолет од 80-те години, сличен на оној што го возеше Ричард Гир во филмот „Американски жиголо”, а кој ќе им биде на располагање на сите гости- посетители на оваа прекрасна вила.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересната страна на јазикот: 16 (неправедно) непознати зборови
Следна објаваНаправете сами – 5 здрави оброци за плажа!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР