Со толку многу новитети од ден на ден, секој аспект од животот на една индивидуа е подложен на гигантски промени, и истото се случува и со јазиците. Низ вековите, изгледа дека некои зборчиња “ни се лизнале од рака“ и излегле од употреба. Денес да ги прославиме заборавените херои на англиската лингвистика:

  • Empurple (emˈpərpəl / verb)
    Нешто да направите виолетово. Веројатно не се употребува толку често затоа што едноставно нема многу прилики да дискутираме за “повиолетувањето“ на некои нешта, но можеме лесно тоа да го поправиме!
  • Pilgarlic (pil-ˈgär-lik / noun)
    Некој што е ќелав. Очигледно луѓето во 16от век мислеле дека ќелавите глави изгледаат слично како лупен лук (peeled garlic).
  • Crapulence (noun)
    Збогатете го вашиот билингвален мозок со уште еден термин кој го покрива истото значење на мамурлак (hаngover), но е од латинско потекло.
  • Callipygian (adjective / kaləˈpijēən)

    Е оној кој има убава позадина, добро оформени бутови, добра позадина. Нова pick up line за интелектуалците! Штосно, нели?

  • Interrobang (symbol)
    Ова зборче всушност не реферира на активностите од успешниот шестти состанок, туку на специфичен интерпункциски знак кој е комбинација од прашалник и извничник – ‽. Зошто не го користиме него наместо “?!?!?“ е веројатно чиста неупатеност.
  • Uglyography (noun / ugg-lee-og-raff-ee)
    Е извондердната уметност на лошиот ракопис. Неразбирливите чкртаници биле често нарекувани со овој термин.
  • Ultracrepidarian (adjective)
    Е оној кој изнесува мислење или став за тема во која не е запознаен. Ова е стар збор кој води потекло од хеленска приказна: Чевлар му рекол на познатиот сликар Apelles of Kos дека погрешно ја нацртал сандалата. Кога сликарот ја поправил сандалата, чевларот продолжил да дава замерки за други делови од цртежот. Тогаш Apelles му рекол: „Sutor, ne ultra crepidum“ што значи „Чевлару, не понатаму од сандалата“. Терминот ultracrepidarianism станал популарен во 19от век во Британија.
  • Throttlebottom (adjective)
    Интересно, слатко, и на звук мило зборче за нечесен јавен службеник. Ох, парадоксалноста на јазиците..
  • Trumpery (noun)
    Нешта кои изгледаат убаво, но се всушност безвредни. Стар англиски термин кој би требало се почесто да се употребува на социјалните мрежи наместо други хештегови..
  • Twirlblast (noun)
    Практично и логично зборче за торнадо според луѓето од 1700те.
  • Scintilla (noun)
    Ситен, светол и краток блесок или искра; нешто мало; невидлива трага.
  • Selcouth (noun)
    Нешто непознато, чудно, ретко, но истовремено неописиво убаво.
  • Resfeber (noun)
    Неуморното чукање на срцето на патникот пред да почне патешествието; кога анскиозноста и исчекувањето се сплеткани заедно; “патувачка треска“.
  • Nefelibata (noun)
    Буквално: оној кој оди по облаци. Некој кој што живее во облаците на својата имагинација и не ги следи конвенционалните правила на животот, уметноста или општеството.
  • Phosphenes (noun)
    Боите и ѕвездичките што ги гледаме откако ќе си ги истриеме очите.
  • Hippopotomonstrosesquippedaliophobia (noun)
    Најинтересната фобија од сите: стравот од долги зборови!

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ