Летото е во полн ек и кое е подобро време за уживање во сонцето ако не сега? Секој сака совршен бронзен тен, но корисно е да знаеме што е можно повеќе за нашата кожа и тоа како ја третираме за бронзен, но пред се, здрав тен.

Што всушност значи SPF?
SPF е кратенка од sun protection factor (заштитен фактор) и бројчињата се однесуваат на тоа колку долго теоретски можете да останете на сонце помножено со бројката на шишето. Пример, SPF 30 значи дека можете да останете на сонце 30 пати подолго од тоа колку би останале без крема за сончање. Кремата со SPF 15 блокира 94% од УВ зраците, SPF 30 блокира 97%, а SPF 45 блокира 98%. Според истражувањата, докторите најмногу ја препорачуваат кремата со SPF 30 затоа што е невозможна 100 процентна покриеност.

Кога треба да нанесете крема?
Кремата за сончање се нанесува половина час пред да бидете изложени на штетно сонце. Без разлика на ЅР факторот, препорачливо е да бирате крема која е водоотпорна и да ја нанесете одново барем на секои два часа или веднаш после потење и пливање. Дури и кремата со највисок фактор ќе се измие во текот на неколку часа, затоа погрижете се да нанесете нов слој.Заштитете се од различни видови на сончеви зраци
Има два вида на УВ зраци кои можат да продрат низ човечката кожа и тоа се УВА И УВБ зраци. УВА (ultraviolet A) се подолги, а УВБ (ultraviolet B) се пократки. Кремата со заштитен фактор не штити од УВБ зраците кои се штетни за погорните слоеви на кожата и играат голема улога во ракот на кожа, додека УВА зраците продираат подлабоко и можат да нанесат поголема штета на кожата. Најдобро е да барате крема која штити и од двата типа зраци, а тоа ќе го проверите во составот со тоа што ќе барате цинк оксид кој штити од двата типа зраци.

Како потемнува кожата?
Потемнувањето на кожата е всушност одбранбен механизам на нашето тело. Нашата кожа станува потемна поради пигмент наречен меланин (произведен од клетки наречени меланоцити) кој го намалува продирањето на УВ зраците во нашата кожа. УВ радијацијата поттикнува потемнување на веќе постоечкиот меланин и со тоа и меланогенезата, односно продукцијата на уште меланин.

Зошто не треба да носите очила за сонце?
Носењето на очила за сонце може да ви помогне да добиете изгореници. Зошто? Хормонот што го стимулира производството на меланоцити е регулиран од штитната жлезда (хипофиза). Ако хипофизата нареди да се излачи повеќе од овој хормон вие ќе станете потемни, а со тоа ќе го намалите ризикот од изгореници. Проблемот е во тоа што хипофизата е поврзана со оптичкиот нерв. Кога оптичкиот нерв ќе почувствува повеќе сончева светлина, тогаш се лачи повеќе од хормонот. Кога носите очила за сонце вашиот оптички нерв е измамен и вашата хипофиза не го лачи хормонот што ве става во ризичната категорија за изгореници од сонце.

Зошто изгорениците се црвени?
Ова е едноставно, затоа што изгореницата е оштета на ткивото предизвикана од УВ зрачење. Вашето тело пробува да се “поправи“ со тоа што испраќа повеќе крв на оштетеното место. Црвенилото е всушност поголема концентрација на крв.

Не се брзајте никаде
Да добиеме бронзен тен е трофеј за успешно лето, а до ниту еден реален успех не се доаѓа по полесниот пат. Затоа нема да потемните ако еден ден се сончате предолго, туку ако се сончате по малку низ текот на повеќе денови.
Сакајте го вашето тело, штитете ја вашата кожа и уживајте во летото!

НЕМА КОМЕНТАРИ