ФАНТАЗИЈА …

Инспирирајќи се од зградите на бразилскиот архитект Пол Мендез да Рока, чешкото студио Формафатал, во соработка со Рфуел Воркс, создаде неверојатна Арт Вила во средина на тропската џунгла на Костарика…

Тоа е дел од одморалиштето „Арт Вили“ во рамките на Плеја Хермос, голем имот кој содржи викендици кои се достапни за изнајмување. Со своите 570 квадратни метри, двоспратната вила располага со огромен базен од бетонски блок кој се протега преку работ на прекрасната градба.

Од сите страни, вилата има огромни стаклени врати кои се отворааат кон дрвената тераса, додека сите бетонски sидови намерно се задржани во своето сурово издание, акцнтирајќи ги на тој начин природните елементи, како што се растенијата и водата кои се користини во дизајнот.

Во фоајето на вилата има плиток кружен базен, со уметничко црно-бело украсно парче. Секој агол и катче од оваа куќа има за цел да ве приближи со природата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе што треба да знаете за сончањето и кремите за сончање
Следна објаваСкопје Сити Мол докажува како може безбедно да се пазарува во голем трговски центар
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ