Овој стан во Валенција, го реновираше дизајнерското студио РХ според сугестиите на младиот пар, кој не уживал во својот мал дневен простор – сега, своите 69 метри квадратни од станот, ги искористија на најдобар можен, минималистички и модерен начин.

При самото влегување во станот се гледа едноставна мала кујна со иновативен ротирачки пулт. Секое парче на мебел може да се искористи за повеќе намени. Архитектите користеле отворен концепт на дизајн на ентериерот, отстранувајќи ги sидовите и поставувајќи бели подови од смола по целиот стан, како и на терасата. Белата, се наоѓа во скоро секој аспект на дизајнот, заради рефлектирање на светлината и поголем изглед на простор.

Секојдневниот животен простор се префрла и на терасата со помош на клизните стаклени врати, а машините за перење и сушење на алишта, се сокриени зад клизните дрвени врати кои изгледаат како модерна декорација.

outdoor-space (1)rotating-countertop-2 (1)feature-1streamlined-kitchenstorage-in-tv-standglass-wallcouch-outsideaccent-wall

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCyclotron | Нов футуристички велосипед
Следна објаваСтар брод претворен во простран павилјон
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР