5 намирници за рамен стомак!

5 намирници за рамен стомак!

Ова се 5 едноставни намирници кои со своите природни својства ќе ви помогнат да ја олесните битката со топење на салото на стомак!

1. Јогурт

Јогуртот содржи пробиотици кои помагаат во подобрувањето на пробавата и спречуваат надуеност и затвор. Сем тоа, јогуртот е полн со протеини кои ќе ве заситат за некое време. Најдобро е да се консумира наутро за доручек со зобни снегулки и некое овошје. Сем тоа, има минимален број на калории што го прави идеален сојузник во борбата против килограмите.

feta-stuffed-tomatoes-6-1

2. Патлиџан

Дали знаете дека патлиџанот содржи волшебна комбинација на вода и калиум што е одлична за исфрлување вишок на сол од организмот и директно влијае на намалување на надуеноста на стомакот. Големата колкичина на влакна од патлиџанот, поволно влијае и на смалување на затворот, а исто така, патлиџанот е намирница со минимален број на калории. Консумирајте го во салата или едноставно во меѓуоброк.

1 (1)

 

3. АВОКАДО

Авокадото е супер – плод, а таа титула ја носи сосем оправдано. Богат со витамини и минерали, се смета за еден од наКјнутритивни плод во природата. Неговиот квалитетен состав на здрави масни киселини помага во смалување на лошиот холестерол и го спречува наталожувањето на масните наслаги на телото. Од намаз, разни сосови и видови на салати, авокадото навистина може да се консумира на многу различни начини.

49642_67e48c2966

4. КВИНОЈА

Релативно непозната намирница во нашите краеви, квинојата е многу важна во диетната прехрана. Потеклото на квинојата е од Јужна Америка, а посебно е добра за луѓето кои не го поднесуваат глутенот, бидејќи не го содржи.

5. ЈАЈЦА

Едни од најдобрите извори на протеините се наоѓаат во јајцата. Тврдо вареното јајце со просечна големина, содржи 60 до 70 калории, а заради големата количина на протеините кои ги содржи, долго ќе бидете сити што ќе спречи додатно прејадување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМали вазни кои ќе ве разнежат!
Следна објаваStephen Voss | „Разновидни бонсаи дрвца“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР