2-34

Да бидеме реални – овие денови, добра фотографија навистина вреди илјада зборови… или барем толку лајкови! А сите девојки кои не можат да се пофалат со долги нозе, знаат колку е тешко да се позира пред камера. Затоа, ние ви откриваме 5 златни правила, како визуелно да ја издолжите целата своја фигура!

Ставете рака над главата – поставена стратешки, како да со рака поминувате низ косата или ја местите шапката…така ви додава висина и внимание на горниот дел од телото!

prva-15

Застанете на прсти – можеби ви звучи лудо, но вистина е. Дури и стопалата да ви се во рамката на фотографијата, тој екстра труд ќе направи чудо за вашите листови и задница.

Исфрлете ги рамената наназад – добриот став е еден од главните фактори кој влијае за издолжување на вашата фигура на фотографиите. Исфрлете ги рамената наназад. Толку е едноставно!

prva2-7

Прекрстете една нога пред друга – наместо да ги држите нозете една до друга, прекрстете ги така, да создадете мала оптичка илузија! Резултат? Висока, витка фигура и визуелно издолжено тело!

prva3-5

Поставете го аголот на камерата малку пониско – значи не зборуваме за селфи камерата….но доколку го поставите аголот на фотоапаратот по линија на телото, ќе изгледате повисоки на фотографијата, затоа што одалеченоста помеѓу вашата глава и објективот е поголема.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренди, едноставни, атипични фризури за невести!
Следна објаваПастелните бои – совршено одговараат за стан на море!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР