За денес одбравме да ви претставиме една моќна фотографија чиј автор е талентираниот Мустафа Абдул Ади. Фотографијата е направена од другата страна на познатиот „Таџ Махал” во Агра, Индија. Рано наутро, младо момче пребарува низ ѓубрето кое се фрла на ова место. Интересно е да се види контрастот помеѓу прекрасното здание и секојдневието на овој Индиец. Фотографија која тера на размислување за големите разлики кои постојат, а не секогаш ги гледаме.