Артистката и љубител на уметност Вита со своите рачно изработени шолји ни дава една причина повеќе да уживаме во нашето кафе или чај.

Како што самата кажува, материјалите кои што таа ги користи за да ги создаде овие шолји се нетоксични бои, стакло и секако, имагинација и креативност.

Се разбира, шолјите се рачно насликани, најчесто како плод на нејзината фантазија, а некои од нив се инспирирани од познати филмови.

Во нејзината колекција може да се најде по нешто за сечиј вкус, без разлика дали ни се допаѓа колоритноста на пердув во бохо стил или пак едноставноста на цветовите од јапонските цреши.

1 2 3 4 5 6 7 8

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР