3

Доколку недостига урбанизам во Вашиот стил, авантура во Вашето секојдневие и експресија на Вашиот цврст и силен став, тука се цртежите на Ангела Карова да внесат умерена доза на неконвенционалност.

Брилијантни цртежи кои прво се скицирани, а потоа оживеани на парче ткаенина. Убавината во работата на Ангела е тоа што таа може да ја изрази индивидуалноста кај секого и преку еден уникатен белег да го изрази неговиот „тип“ на урбаност.
4 7

А како се црта на парче ткаенина?

Карова дирекно слика со боите кои се наменети за ткаенина, а потоа ги пегла и аплицира на парче облека или мебел.
2

10

Желбата за поседување на модни парчиња со свој личен белег ја разбудила инспирацијата за творење на вакви уникатни уметнички дела. Идејата ја добива од карактеристиките на клиентите, трудејќи се да направи што повеќе поперсонализирани парчиња. Доколку сакате да додадете детаљ кој непокорливо ќе ја изрази Вашата личност, можете да порачате една ваква креација на профилот на Facebook или Instagram од Ангела.

8

Ангела на уметниците во подем им препорачува: „Никој да не го крие својот талент и да не се плаши да проба нешто ново. Креативното изразување е прво лек за својата душа, а потоа мелем и за другите.“

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСте виделе ваков леб? Го има само во Токио!
Следна објаваСтаклени шолји со артистичка нота
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР