Stone Bridge Suites официјално ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелијерство во Скопје. Во склоп на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во срцето на Општина Аеродром во Скопје, се отворија 23 луксузно опремени апартмани наменети за бизнис и семејни посетители на градот. Промотивно, во периодот од 1 јуни до 1 септември 2016, задоволството да се престојува во еден таков ексклузивен апартман ќе чини само 50 евра дневно.
Stone Bridge Suites се апартмани каде гостите уживаат беспрекорн услуга на луксузен хотел, а ја чувствуваат посакуваната приватност како во својот дом. Замислен е таков модел на угостителство и домување кој им овозможува на гостите безгрижен престој во просторен и целосно опремен апартман кој може да се резервира и за повеќемесечен престој по прифатлива цена.

_MG_3475 Апартманите се во локациска предност од секој можен аспект што овозможува брз и лесен пристап до скопскиот аеродром и деловниот центар на градот, а како составен дел на CAPITOL MALL и достапност на сите атрактивни содржини на еден современ трговски центар. Ексклузивни бутици, козметички и фризерски салон, ресторани и кафулиња , куглана, детска игротека и фитнес центар, се само дел од можностите кои на гостите на Stone Bridge Suites им се на прагот.
Гостите на Stone Bridge Suites ќе уживаат услуги на 24 часовна рецепција, обезбедување, користење на фитнес центар и бесплатен паркинг, а влезот во паркингот до апартманите е преку приватен лифт._MG_3657

Секој од Stone Bridge Suites апартманите се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел. Исполнети со природна дневна светлина и стилски избор на комфорен мебел, апартманите овозможуваат поинакво угостителско исксутво во градот.
Stone Bridge Suites апартманите имаат комплетно опремена кујна подготвена да одговори на кулинарските потреби на гостите, кои уживаат во приготвувањето на храна за себе и своите блиски. Спална соба опремена со пространи кревети со софистициран, анти-алергиски душек. Бања со сите неопходности за приватниот престој на гостите и нивните семејства. Елегантен дневен престој, со пространа гарнитура, ЛЕД ТВ приемник со голем избор на сателитски програми и панорамски поглед кон градот и околните планини.

_MG_3687 Stone Bridge Suites претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелијерство и сместување кој одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент. http://stonebridge-suites.com/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТатко и ќерка танцуваат на песна од Џастин Тимберлејк
Следна објаваРаботи кои секоја жена би требало да ги знае за својот партнер
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ