Gustav Klimt-(1862-1918) е австриски сликар и еден од најзначајните претставници на симболизмот, во едно тој е проминентен член и претседател на движењето наречено (Vienna Secession) или Виенска Сецесија.

Роден е во (Baumgarten), Баумгартен во близина на Виена во тогашната Австро-Унгарска империја. Студирал на Виенската школа за уметности и архитектура(Kunstgewerbeschule) каде што изучувал архитектонско цртање се до 1883 година. Тој многу лесно ги прифатил принципите на конзервативното обучување, па и поради тоа неговите рани дела може да се класифицираат како академски.

Откако ги завршил студиите тој својата професионална кариера ја започнал со сликање на мурали во Историскиот музеј,(Kunsthistorische Museum) во Виена.

Основниот објект во делата на Густав Климт е женското тело, проткаено со многу елементи на еротицизам. Тој во раните деведесети години на XIX век ја запознава својата животна придружничка Emili Luis Floge. Во своето атеље во градот Хицунг тој секогаш бил опкружен со мачки, неговите омилени животни. Неговата голема љубов кон овие животни била еден вид на доказ за неговата “ексцентричност” и неговата посебна уметничка природа. За разлика од жените кои ги обожувал и кои се неговата главна и вечна инспирација ,тој никогаш не насликал ниту една мачка на своите платна. Најчесто многу бројните особини на мачките низ историјата се проектирале како женски особини. Жената (Fin-De-Siecle-A) е како мачка но на еден сосема друг начин секако. Сеопштата дискриминација на женскиот род во тоа време ја преобразил на некој начин тогашната буржоаска жена во еде вид на “куќен миленик” која и покрај тоа што ги уживала сите благодети на богатсвото сепак немала слобода на дзижење и размислување, туку служела како еден вид на декор. Со еден збор таа била негувана и чувана како салонска мачка.

На платната на Климт, поточно на портретите на Adela Bloh-Bauer и Friza Ridler може да се забележи дека тие се опкружени со големо богатство и прекрасни стилизирани орнаменти но сепак во цела таа убавина тие се затворени. За разлика од овие дела пак женските ликови во делата “Nuda Veritas” и “Hada I” претставуваат еден друг вид израз односно претставени се слободни како уличните мачки. Нивната природа е отворена, повеќе претенциозна и сексуална.

Климт сакал три нешта а тоа биле жените, мачките и природата. Трите нешта кои го симболизираат ирационалното, нагонското и мистериозното во човекот. Всучност на некој начин сликарот се идентификува со неговата анима низ неговите прикази на жените во неговите платна.

И покрај многубројните скандали кои го следеле во текот на животот, неговите дела секогаш биле примани со огромно воодушевување од страна на публиката. Тој бил одликуван со златен орден од страна на тогашниот Австро-Унгарски престолонаследник Franz Joseph.

Несомнено Густав Климт со својата уметност одбележал една значајна епоха во историјата на Австро-Унгарија  и тогашните општествени промени кои се случувале во тоа време. Тој преку своите дела всушност е во потрага по еден сосема нов вид на курс, кој и сам по себе се наметнал во тоа време, а тоа е истражување на неистраженото кај човекот и неговите соништа. Затоа и неговите дела се некој вид на израз на внатрешните емоции и последица на начинот на доживување на стварноста.

173e6ca11eeeec5bfa56665facfa5ec1

97c66b37422e1e56895261e85613df6d

41f40bda73d7c4438e31d7d9b6b851b2

Amber-painting-Kiss-inspired-by-Gustav-Klimt

E42092

46028384.cached

000171 I

franceklimpt2

inge-prader-01

two-girls-with-an-oleander

tumblr_muo9ol5A7B1rdf1x2o4_500

klimt.love

 

inge-prader-life-ball-gustav-klimt-paintings-designboom-06

E42102

Klimt painting by k Madison Moore

chrisoatley_gustav-klimt-drawings

The-Black-Feather-Hat

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ