Вратете се во светот на чудата.

Alice_Through_the_Looking_Glass_IMG1_bigОваа пролет, време е за малку лудило. Алиса се враќа во Земјата на чудата! „Алиса зад огледалото“ е новата спектакуларна авантура на студиото Дизни, која повторно ја собира ѕвездената актерска екипа со Џони Деп, Ен Хатавеј, Миа Вашиковска, Саша Барон Коен и Хелена Бонам Картер во главните улоги. Режисер на продолжението е Џејмс Бобин, а самиот филм е адаптација на книжевното дело од Луис Керол.

Alice_Through_the_Looking_Glass_IMG2_bigAlice_Through_the_Looking_Glass_IMG3_bigДизниевиот филм „Алиса зад огледалото“ повторно ќе не врати во светот на „чудата“, каде Алиса (Миа Вашиковска) патува назад во времето за да го спаси Лудиот Шеширџија (Џони Деп).  Продолжението на хитот од 2010-та година е потполно нова магична авантура  во која се појавуваат и незаборавните ликови од омилената приказна на Луис Керол. Оваа шармантна класика ги освојува младите љубители на филмовите со извонредните визуелни ефекти.

Alice_Through_the_Looking_Glass_IMG4_bigAlice_Through_the_Looking_Glass_IMG5_bigКога Алиса се буди во „светот на чудата“, таа мора да патува преку мистериозниот нов свет за да го врати магичното жезло кој може да го спречи злобниот Господар на Времето да го помести времето понапред и да го претвори „светот на чудата“ во неплоден, безживотен свет. Со помош од неколку нови пријатели, Алиса исто така мора да го открие злобниот заговор за да ја врати Кралицата на Срцата назад на тронот.

Alice_Through_the_Looking_Glass_IMG6_bigПремиерното прикажување на „Алиса зад огледалото“ пред македонската публика бешe на 26.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни факти кои не сте ги знаеле за бисерите
Следна објаваКреативни дрвени полици за книги
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ