Кое е најчудното овошје кое сте го пробале некогаш?
Ви ги претставуваме најчудните овошја кои растат на различни страни на светот, а кои не можете да ги најдете во нашите супермаркети.
- Питаја
Познато по својата необична боја и лаксативни својства, питајата расте во централна и јужна Америка како и во делови на источна Азија. Може да се најде во две бои; црвена и жолта. Внатрешноста и е бела и прошарана со црни семки.



2.Дуриан
“Кралот на овошјето”. Така го нарекуваат најчесто ова овошје. Расте во југоисточна Азија и е многу тешко да го отворите. Има бодликава лушпа а кога ќе го отворите ке ве пречека специфичен мирис кој многу потсетува на бадем.


3.Карамбола
со својот специфичен облик ова овошје потсетува на морска звезда. Вкусот му е мешавина на папаја, грејпфрут и портокал. расте на Јужен Пацифик и во некои делови на Азија.



4.Рамбутан
Оваа овошка може да се сретне скоро во секој двор во азиските куќи. Има сладок вкус, а надворечноста му е бледо црвена, додека внатрешноста му е прозирно бела.

5.Кивано
Потекнува од Африка и затоа е наречено “африканска дуња”. Може да се најде и во некои делови на Австралија и делови од Калифорнија,Америка.


6.Мираколина
Мираколина или уште како е наречено “чудесно овошје” има и навистина таква моќ. Всушност таа има способност киселиот вкус да го преиначи во сладок вкус. совршено Препорачливо е за конзумирање на дијабетичарите и сите оние кои не смеат да внесуваат шеќер во својата исхрана.



7.Физалис
Физалис е зрнесто овошје, кое расте завиткано со лушпа. Има освежувачки вкус, а се користи за правење на разни видови на мармалади и желиња.







![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










