Спремете се за нешто поголемо од бајка.

Huntsman_Winters_War_IMG1_bigКога две злобни сестри се подготвуваат за освојување на земјиште; двајца отпадници – Ерик – ловецот, кој претходно имал помош од Снежана во победата над Равена, и неговата забранета љубовница Сара, ќе се обидат да ги спречат. Започнува војната против злобните, приказната за „Ловецот и ледената кралица“ која се случува пред Снежана. Ова е продолжение на епската акциона авантура „Снежана и ловецот“, која во 2012 година ја освои публиката ширум светот.

Huntsman_Winters_War_IMG2_bigФантастичниот свет на „Снежана и ловецот“ се проширува, откривајќи како судбините на ловецот Ерик и кралицата Равена се поврзани на опасен и длабок начин. Публиката повторно ќе биде хипнотизирана со продолжението „Ловецот и Ледената Кралица“, во кој Ледената Кралица ја игра Емили Блант, а со неа уште еднаш и Шарлиз Терон како Злобната Кралица, Крис Хемсворт како ловецот и Џесика Чaстејн во улогата на Сара. Режисер на филмот е Седрик Николас Тројан, сценариото го напишаа Крег Мазин и Еван Спилиотопулос, а продуцент е Џо Рот.

Huntsman_Winters_War_IMG3_bigДејството се случува многу години пред првиот филм. Многу години пред раѓањето на Снежана, злобната кралица Равена (Шарлиз Терон) станала непријател со сопствената сестра, ледената кралица Фреја (Емили Блант), која формирала војска со цел да го земе магичното огледало.

Huntsman_Winters_War_IMG4_bigНо, работите нема да се одвиваат ниту според плановите на Равена, ниту според желбите на Фреја. Новиот филм се фокусира на ривалството помеѓу двете злобни кралици, но и борбата на Ловецот (Крис Хемсворт) да ги порази. Тој во војната против кралиците ќе добие помош од Сара (Џесика Частејн) жена-воин која со ладното оружје е опасна колку што е и самиот тој.

Huntsman_Winters_War_IMG5_bigПремиерното прикажување на „Ловецот и ледената кралица“ пред македонската публика e на 21.04.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМала и стилска гарсониера [20 м2]
Следна објаваНа патување | Jeremy Janin
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ