1

Луксузот е најчесто синоним за огромни и масивни животни простори, каде дизајнерите не штедат на скапоцени парчиња мебел и раскошни декорации во ентериерот. Сепак, и малиот станбен простор може да изгледа богато и елегантно, доколку е уреден со вкус и вистински избор на детали. Одамна заклучивме дека скромната квадратура не е пречка за пријатен, удобен и функционален дом, па ни тоа истиот да изгледа убаво и стилски уреден. Проектот кој овојпат ви го претставуваме, пак, сведочи како елегантната нота може да се спакува во гарсониера со минијатурни димензии.  20 метри квадратни никогаш не изгледале толку елегантно и урбано стилизирани, како во овој мини ентериер со изненадувачки убав спој на класика и луксуз, дело на дизајнерката Екатерина Ремизова. Користејќи се со паметни трикови за заштеда на простор во текот на деноноќието, дизајнот на станот ги содржи сите неопходни елементи за пријатен престој, а дел од нив се вешто затскриени и мобилни парчиња мебел. Секој центиметар од станот ја одразува силната и авантуристичка природа на станарите, а притоа овозможува секоја достапна површина наменски да се искористи за задоволување на потребите и изразување на нивната индивидуалност. Во продолжение, ви ги претставуваме фотографиите од визуелизацијата на станот, која нуди неколку алтернативни решенија за уредување на ентериерот. Пронајдете ја вашата омилена идеја.

2 3' 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов стилски водич за матуранти од „Bitsiani“
Следна објава[Филм] Ловецот и ледената кралица
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ