Инспирирана од Пацифичкиот северозапад, имајќи ги планините и отвореното море како константа во својот живот, Cathy McMurray ја насочува својата креативна енергија кон колоритните слики на дрвена површина. Како важен дел од процесот на изработка на едно вакво дело е користењето на материјал кој не е штетен за околината.

На забавен и уникатен начин илустрациите на дрво ја прикажуваат убавината на природата, а Cathy со својата свесност и грижа за околината прави да ги сакаме уште повеќе.

Нејзините дела биле прикажувани на изложби во САД, Австралија, Обединетото Кралство и Австрија, а импресивна е и соработката со брендови како што се Urban Outfitters.

1 2 3 4 5 6

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР