Во вторник (12.април), со почеток од 20 часот, Македонската опера и балет ќе ја изведе популарната „Набуко“ на Џузeпе Верди.

1

Претставата е со домашна солистичка екипа и еден гостин. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова- Георгиев, улогата на „Абигаила“, Никола Стојчевски ќе настапи како „Исмаел“, „Фенена“ ќе ја толкува, Николина Јаневска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ. Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.

2

„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.  Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Со операта „Набуко“, Верди станува идол на Италијанците, синоним на нивните тежнеења за обединување, и почнува една од најубавите и најголемите уметнички кариери што ќе трае 50 години. Најпознатиот дел од операта „Хорот на Евреите” – „Летни мисло” рефрен кој што редовно се повторува до ден денес.

Ерусалим и Вавилон, 587 година пред н.е. Вавилонските сили напредуваат кон Ерусалим. Но Евреите се закануваат дека доколку нападот продолжи, ќе ја убијат Фенена една од ќерките на Набуко. Исмаел, еврејски благородник и капетан, тајно е вљубен во Фенена и кога Захарие се обидува да ја убие тој ја спасува. Исмаел ја ослободува Фенена, а Вавилонците го уништуваат Ерусалим. Во отсуство на Набуко, Абигаела (незаконска ќерка на Набуко – вљубена во Исмаел) планира да го превземе престолот. Набуко кој привремено е онеспосопбен од удар на гром, доаѓа на себе, се враќа во Вавилон и повторно ја превзема власта. Абигаела умира, а Захарие го прогласува Набуко за крал на кралевите.

4

Divianarts.com е медиумски покровител на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОрганските елементи совршено го надополнуваат современиот дизајн на домот A’tloan!
Следна објаваШарени илустрации на дрво
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ