Големата битка започнува. Кој ќе победи?

BatmanVsSuperman_Dawn_of_Justice_IMG1_bigКога двајцата херои, синот на Криптон и лилјакот од Готам, ќе се судрат, започнува најголемата гладијаторска борба во историјата – „Бетмен против Супермен: Зора на правдата”. Во главните улоги се оскаровецот Бен АфлекБрус Вејн / Бетмен и Хенри КавилКларк Кент / Супермен.

BatmanVsSuperman_Dawn_of_Justice_IMG2_bigПлашејќи се од непроверените акции на Супермен, Бетмен му се спротивставува, додека светот се прашува каков херој му е навистина потребен. Додека Бетмен и Супермен се борат меѓусебно, се појавува нова закана – Думсдеј кој е креиран од страна на Лекс Лутор. Сѐ е во рацете на Бетмен и Супермен за да ги тргнат на страна нивните различности за да ги спречат Лутор и Думсдеј од уништување на Метрополис.

BatmanVsSuperman_Dawn_of_Justice_IMG3_bigБен Афлек вели дека бил изненаден од понудената улога за Бетмен и не бил сигурен на почеток дали да се заложи за неа, но бил освоен по средбата со режисерот Зек Снајдер кога му ја објаснил неговата визија. Штом прифатил, веднаш почнал со вежбање на улогата, а за совет го прашал и Кристијан Бејл. Бен за оваа улога додал 10 килограми мускулна маса, додека за Хенри не било проблем бидеќи го имал задржано режимот помеѓу двата филма и лесно додал двојна мускулна маса. Бен сакал по завршување на снимањето да го задржи костимот, но продуцентите му понудиле да плати голема сума на пари со што се откажал и побарал само да се слика со него.

BatmanVsSuperman_Dawn_of_Justice_IMG4_bigПричината зошто Бетмен му се спротивставува на Супермен е поради настаните во „Човекот од челик“, кога Вејн финансиската зграда беше уништена. Брус Вејн е исплашен од она што ќе се случи доколку Супермен ја употреби својата моќ за зло. Луѓето исто така го виделе Супермен како лажен Бог, многумина веруваат дека тој ќе биде херој, но сепак Супермен може да биде во конфликт со она што сака да го направи. Во филмот ќе се појави и Гал Гадот како Вондер Воман, единствена хероина на која не и треба херој за да ја спаси.

BatmanVsSuperman_Dawn_of_Justice_IMG5_bigПремиерното прикажување на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата” пред македонската публика бешe на 24.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (28.03 – 03.04)
Следна објаваРускиот уметник Alexey Butyrsky и неговите вечерни пејзажи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ