12 македонски брендови одобуваат голем мартовски попуст на својот асортиман

Иако чувствтвото кое го дава еден убаво уреден простор е прекрасно, избирањето и купувањето мебел кои претходат знае да биде доста напорно.

Идејата зад “ март – месец на мебел” во Јавна Соба е да им се овозможи едно поинакво искуство на сите оние кои оваа пролет одлучиле да го уредат својот дом или работен простор. Имајќи секојдневна активност како дружење со пријателите на ручек или кафе, работа на лаптоп и доручек, оние кои ќе ја посетат Јавна Собаво текот на овој месецќе може да ги почуствуваат естетиката и функционалноста на сите изложени парчињамебел и можатда го пронајдат она штосе вклопува во нивната замисла и да добијат попуст за истото.

Ентериерот на Јавна Соба е целосно уреден со македонски производи, каде и целта е сите оние кои со своите производи допринеле овој простор  да е пофункционален и попривлечен заеднички пристапат кон домашната публика покажувајќи дека може да создадат уште многу пријатни и модерни ентериери.

“Креирајте ја атмосферата која сте ја замислиле за Вашиот дом, викендичка или канцеларија, поканете ги своите пријатели на дружење и одберете го она што на сите најмногу ви одговара. Купувањето мебел може да биде многу опуштено!”порачуваат од Јавна Соба.

Цел месец, секој ден од 09 до 24ч. сите се добредојдени на50 Дивизија 22 во Центарот за дизајн и иновации“Јавна соба”, каде може да се одбере парче мебел и расвета од:Софа Студио, Tворница, Кирче Стојоски, WE AND NAТURE, Feydom,Zavar Design, Urban Old, Spin Furniture, Lotus Lounge, Rinocca, Design mk, Modular, Vrchkovski Lighting

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите модни илустрации на главните уреднички во светот на модата!
Следна објаваOцетот од јаболки е решение за многу проблеми во организмот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР