Oцетот од јаболки е решение за многу проблеми во организмот!

Oцетот од јаболки е решение за многу проблеми во организмот!

Нутриционистите, фитнес гуруата и многу други славни личности, буквално го пијат здравјето и убавината – па и нас не советуваат да го направиме истото.

Зелениот зеленчук, медот, алое верата, црвената пиперка, буквално се од кујната може да се најде во најпопуларните елискири за убавина, овие денови. Кога забележавме дека оцетот од јаболка (истиот што го ставаме во салати) добива големи заслуги кај жените како Megan Fox, Mirandа Kerr и Gwyneth Paltrow – веднаш посакавме да видиме зошто е тоа така!

Велат дека оцетот од јаболки може да излечи многу проблеми, од запаление на грло до лошиот здив. Во текстот понатаму, откријте на што се делува овој оцет…

ГО НАМАЛУВА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Докажано е дека ја намалува чувствителноста на инсулинот, оцетот од јаболки може да го одложи дури и спречи развојот на дијабетесот тип 2.

ГО СМИРУВА ЖЕЛУДНИКОТ

Желудникот, опстипацијата, надуен стомак, гасови – на среќа, добрата бактерија од јаболковиот оцет може да помогне во разложувањето на храната и така да ја олесни столицата.

befunky-collage-3

МУ ПОМАГА НА БОЛНОТО ГРЛО

Вирусите не ги сакаат киселите ситуации. Од таа причина плакнете ја устата со јаболков оцет кој ќе ви помогне да ги убиете вирусите и бактериите.

ГИ НАМАЛУВА ЗАПАЛЕНИЈАТА

Колку и да се трудиме доволно да спиеме, да го одбегнуваме стресот и консумирањето на шеќерот и кофеинот, сепак не сме совршени. После малку сон и премногу слатки, запалението во телото може да стане проблем за многу работи. Јаболковиот оцет кој го минува процесот на ферментацијата, полн е со здрави бактерии и ензими кои нашиот систем ги обожува.

Ви предлагаме да измешате две супени лажици оцет во чаша со вода и додадете малку лимон или мед и така нормализирајте го pH нивото во телото и исчистете го организмот.

b-1313497038-920 (1)

ГО УСПОРУВА ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ

Доколку поминете со јаболков оцет на масна кожа, може да ви го изедначи тенот, но со плакнење на лицето со јаболков оцет, можете да го успорите процесот на стареење на кожата. Антиоксидантите, бета – каротенот, калциум и калиумот, служат како чувари на нашите станици и не даваат да старее кожата.

ГО БРКА ЛОШИОТ ЗДИВ

Добрите бактерии од јаболковиот оцет, ги убиваат токсините и од таа причина одлични се за убивање на лошиот здив. Доколку ја плакнете устата со јаболков оцет или го пиете како погоре што кажавме, немате потреба да се грижите за лошиот здив. И велат дека јаболковиот оцет е одличен природен избелувач на забите!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗапочнува “март – месец на мебел” во Јавна соба
Следна објаваЕдноставни начини за комплетна детоксикација!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ