Дерек и Хансел стануваат повторно модели, кога конкурентска компанија ќе се обиде да ги тргне од бизнисот.

ZOOLANDER 2После 15 години од повлекувањето од јавниот живот, Дерек Зулендер (Бен Стилер) се враќа во светот на модата во новото продолжение на урнебесната комедија „Зулендер 2“, со цел да ја разгори својата кариера за да го врати својот син. Тој на модните писти се обединува со Хансел (Овен Вилсон), но закана имаат од негативецот Мугату (Вил Ферел).

Една модна агенција почнува да ги убива „најубавите луѓе на светот“ за да се пробие во светот на модата. Истражувајќи ја серијата убиства, Интерпол ги ангажира Дерек Зулендер и Хансел Мекдоналд, некогашните супермодели. Тие треба да се инфилтрираат во новиот свет на високата мода и да ги спречат убиствата. Во меѓувреме, стариот злосторник и непријател на Дерек излегува од затвор и почнува со својата одмазда.

Доколку во првиот дел ги сакавте Дерек, Хансел па дури и Мугату, во новото продолжение ќе бидете пријатно изненадени дека ниеден од нив нема заборавено како совршено да го одглуми својот лик (Блу Стил ефектот на Стилер е привлечен како и секогаш). Мугату се враќа дури и повеќе пореметен и психопатски од претходно, што доведува до некои смешни моменти, особено кога се во контраст со наивниот Зулендер. Во новиот состав на екипата ќе имаме можност да ги видиме Пенелопе Круз, Кристин Виг и Џастин Бибер.

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на најпознатиот машки модел Дерек Зулендер. Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, за работата на овој проект изјави: „Зулендер 2 е една од култните комедии, кои на интересен начин ни свртуваат внимание врз некои општествени појави. Кога се работи за таков филм, секако дека ни е огромно задоволство да сме дел од него“.

Премиерното прикажување на „Зулендер 2“ пред македонската публика e нa 25.02.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделна програма во Јавна соба
Следна објаваНајновиот Mercedes AMG – C43 купе претставен во салонот во Женева
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ