Интернет просторот е преполн со совети како старите предмети да ги претвориме во нови и функционални или пак на нашиот дом да му дадеме нов и освежен изглед без да потрошиме многу пари. „Направи сам“ проектите секогаш изгледаат едноставни, но вистината е дека не е секој од нас талентиран и доволно креативен да успее во тоа.

Ви предлагаме неколку едноставни проекти кои ќе ве убедат дека и Вие можете да направите нешто со кое што би се гордееле:

  1. Декорација „Оган и вода“

Сè што треба да направите за овој проект е еден помал сад да сместите во поголем. Брзо е, едноставно и не бара премногу труд.

Потребни состојки:

  • Поголем стаклен сад
  • Помал стаклен сад
  • Прехрамбена боја
  • Лепило

Инструкциите се едноставни, помалиот сад сместете го во уште еден, малку поголем од него. Залепете ги со помош на лепилото и истурете ја претходно обоената вода со прехрамбена боја во поголемиот сад. Запалената свеќа која што ќе ја ставите во помалиот сад создава илузија дека гори под вода.

Совет: направете повеќе вакви декорации со различно нијансирање на истата боја. Неколку капки прехрамбена боја повеќе ќе ви го дадат посакуваниот контраст.

оган и вода2. Домашно млеко за тело од портокал

Кокосовото масло и медот се навистина корисни продукти за нашето здравје, па замислете што нивната комбинација би направила за вашата кожа, се разбира, без дополнителните штетни состојки кои ги имаат производите кои што можеме да ги најдеме во продавница.

За да го направите ова млеко за тело потребно ви е:

  • 1 ½ шолја кокосово масло
  • 2 супени лажици рендана кора од портокал
  • 3 супени лажици мед

prva

Измешајте ги сите состојки сè додека не се соединат во хомогена смеса, а потоа префрлете ги во соодветен сад кој што можете да го затворите.

vtora

treta

Совет: бидејќи за потребите на ова млеко за тело се користат исклучиво природни состојки кои не содржат конзерванси неговиот рок на траење е краток, па заради тоа искористете го во рок од една недела. Можете да го подготвите во помала количина или да го поделите со вашите пријатели. Чувајте го цврсто затворено на суво и ладно место.

cetvrta3. Наутичен украс од јаже

Начинот на изработка е едноставен: земете јаже и сместете го во стаклен сад. Инструкции не се потребни, нели?

jazee

 

Сепак, крајниот производ е уникатен наутичен украс кој би можел да го пронајде своето место во вашата дневна соба.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ