Неколку нови трикови за убавина, кои можеби ќе ви звучат лудо, но тие се проверени и даваат навистина одлични резултати!

beauty-trikovi-2

Туширајте се откако сте ја нанеле шминката. Ви звучи лудо, но делува така што пареата ви ја фиксира шминката а влагата ја прави кожата свежа.

Избегнете го подбрадокот

Сакате брзо да го сокриете подбрадокот? Нанесете смеса од антицелулитна крема со висок кофеин на подрачјето на вилицата и вратот. Кака делува? Кофеинот ја впива целата непотребна течност и го намалува отокот. Ефектот е видлив само три до четири часови, но тоа сепак е доволно за излегување на состанок или слично. Само избегнувајте го подрачјето околу очите!

Избришете ги акните

Сте забележале ли како добро изгледаат лицата на славните личности додека шетаат по црвениот тепих? Не се тие толку совршени како што изгледаат. Наместо користење на пилинг или коректор за сокривање на акните, тие користат спреј за нос или капки за очи, а овие производи содржат материи кои ги стеснуваат крвните садови и со тоа ефикасно го тргаат црвенилото и го намалуваат запалението.

b-1313497038-920

Намалете ја надуеноста со јаболков оцет

Доколку се чувствивате надуено и ништо од облеката не ви стои како што треба, измешајте една лажица јаболков оцет во пола чаша вода и во рок од 30 минути, ензимите од оцетот ќе го успорат производството на соковите од желудникот и со тоа ќе ви се намали надуеноста.

Моментално зголемување на трепките

Заборавете на сите гласни реклами за зголемување на трепките со разни маскари и едноставно, секоја вечер нанесете малку рицинусово масло на работ од капакот со трепките. Рицинусовото масло содржи омега – 3 масни киселини, витамин Б и лецитин кои ги регенерираат оштететните трепки и го стимулираат нивното растење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIl Carnevale, Венецијанскиот карневал
Следна објаваНајбрзите електрични супер автомобили
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ