ОВЕН

Работа –  Добивате нов извор на енергија и конечно се враќате на своето старо расположение. Имате желба да доминирате и да бидете сериозно разбрани во својата работна средина. Тоа секако ќе успеете да го направите.

Љубов – Доколку сте слободни, ќе запознаете нова личност која е врзана со патувања и со странство. На почеток сте на нова љубовна врска.

Здравје – Ќе имате можност да ја подобрите здравствената состојба. Енергијата ви се враќа и генерално се чувствувате добро. Идеален период за физичка активност.

БИК

Работа – Можете да очекувате почеток на деловна соработка со странство. Ве очекуваат многу добри новости и можете да се надевате, дека финансиската состојба значително ќе се зголеми.

Љубов – На емотивно поле, сосема ќе ја стабилизирате ситуацијата во овој период. Ќе изберете партнер за кој сметате деке е вреден за вашата посветеност. Набрзо ќе почнете да правите планови за заедничка иднина.

Здравје – Се чувствувате многу добро. Можно е да сте регулирале некои проблеми, кои сте ги имале во изминатиов период и вредно сте работеле да добиете здрави навики.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Доколку некои документи или исплата на некои пари е задоцнета, можете да сметате дека ситуацијата ќе се смени до крајот на овој месец. Конечно некои работи ќе тргнат на подобро.

Љубов – Нова фаза на емотивното поле, така да, ако имате да и соопштите нешто на личноста која ви се допаѓа, сега е поволниот период за тоа. Крајот на месецот не е поволен за почнување на нова љубов.

Здравје – Ментална исцрпеност и напнатост ве пратат ова недела. Завземете пасивен став и не се форсирајте на ниедно поле.

РАК
Работа – Ќе бидете прилично релаксирани оваа недела. Ќе решите голем дел од работните обврски. Ако бидете доволно активни и го препознаете моментот, можете да очекувате успех.

Љубов – Кон крајот на неделата можете да очекуввате почеток на озбилна врска, доколку сте слободни. Имате многу поволни аспекти, љубовта која сега ви се случува ќе биде љубов на долги патеки.

Здравје – Здравјето секој ден ви станува се подобро. Се чувствувате одлично со својата психофизичка форма. Продолжете да внимавата на себе и нема да имате никакви проблеми.

ЛАВ

Работа – Ќе настапите во јавноста со некоја ваша нова идеја, спремни да блеснете по кој знае кој пат! Можете да очекувате разни коментари, од тие кои се чудат, до другите кои им се диват на вашите иновации!

Љубов – Доколку сте во брак, очекувајте подобрување на односите со партнерот. Ќе ги решите проблемите од порано и ќе го вратите пријателството во вашиот однос.

Здравје – Мал пад на енергијата во овој период. Зголемете го внесот на витамини, како калциум и магнезиум. Хранете се здраво и ќе ја надминете кризата.

ДЕВИЦА

Љубов – Некои планови не заостануваат, а подоцна ќе разберете зошто е тоа добро за вас. Дајте си време подобро да размислите за некои работи и  не носите брзи одлуки.

Љубов – Ве очекува многу сериозен разговор со саканата личност, ќе морате да разјасните некои работи. Доколку сте слободни, ви следи ново познанство со интересна личност.

Здравје – На здравствено поле нема никакви знаци за некои проблеми. Имате добри и здрави навики на живот. Добивате нов извор на внатрешна енергија.

ВАГА

Работа – Сега имате посериозен став за некои професионлни обврски. Доколку работите приватно, ќе бидете максимално посветени и ќе имате можност да ја подобрите финансиската ситуација.

Љубов – Ви следи интересно познанство со постара личност од вашиот крај. Доколку сте во брак или заедница со саканата личност, можете да очекувате стабилизација на односите. Вашата верност и пожртвуваност е на високо ниво.

Здравје – Мали проблеми со стомакот или бешиката во овој период.

ШКОРПИЈА

Работа – Одличен период на деловно поле, очекувајте голем успех! Доколку сте невработени, овој период е добар за нова работа! Целата вложена енергија поштено ви се исплатува!

Љубов – Вие сте многу атрактивни и страствени, привлекувате погледи каде и да се појавите. Може да се каже дека сте фатален заводник, некој за кој другите мечтаат! Искористете ги вашите адути и освоите ја личноста која ви се допаѓа!

Здравје – Доколку сте имале некои здравствени проблеми, тие полека ќе се решат. Влегувате во период полн со енергија и вашиот организам повторно се регенерира.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Кон крајот на неделата ви пристигаат пари, кои долго ги чекавте. Можно е да добиете толку, колку што очекувавте, ни денар помалку, ни денар повеќе. Секако, ќе бидете задоволни.

Љубов – Барате потврда на љубовта од саканата личност. Не ви е сеедно да ја изгубите сега, кога конечно ја отворивте вашата душа и ги покажавте своите емоции. Разговарајте отворено, што очекувате од партнерот.

Здравје – Поволен период ако сте решени да одите на диета. Лесно ќе се приспособите на новиот режин на исхрана и ќе ги добиете саканите резултати.

Јарец

Работа – Надминувате некои мали проблеми кои ги имавте во минатиот период. Јасно ќе им дадете на знаење на колегите, каков авторитет имате и кое е вашето влијание на одредени сегменти од деловниот живот.

Љубов – Венера е во вашиот знак и со самото тоа можете да очекувате многу интересни моменти на полето на љубовта. Станувате привлечни за личностите од спротивниот пол и привлекувате внимание!

Здравје – Добро сте расположени! Имате енергија за се што сте имале во план, се чувстсвувате одлично! Своите позитивни вибрации ги пренесувате на луѓето кои ги сакате! Уживајте!

ВОДОЛИЈА

Работа – Сонцето е конечно во вашиот знак и вашите извори на позитивна енергија се регенерирааат. Имате силна желба да се посветите на вашата работа но, и да ги исплоните своите амбиции. Ќе дојдете до успех, со која работа и да се занимавате.

Љубов – Многу поволен период за машките претставници на овој знак. Блескате со некој посебен шарм, имате доволно самодоверба и можете многу лесно да го освоите срцето на онаа дама која ви се допаѓа!

Здравје – Немате причина за грижа. Овој период е екстремно поволен за вас. Посветете се на себе си, правете работи кои ги сакате, бидете поактивни физички и дружете се.

РИБИ

Работа – Добивате помош од колегите на кои можете потполно да се потпрете. Многу кочници успеавте да ги надминете, па вложувате голема сила и енергија како би продолжиле напред, во нови победи!

Љубов – Ќе запознаете интересна личност во некое поголемо друштво, или пак преку некоја социјален медиум. Многу лесно и релаксирано, со својот ноншалантен став, ги покажувате симпатиите!

Здравје – Ви се враќа менталниот мир и доброто расположение, кое ви недостасуваше во претходниот период. Доколку имавте проблеми со спиењето, сега тоа полека се средува. Помирно спиете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасна колекција на ARMANI Privé во Париз!
Следна објава20 комбинации на бои за кујната
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ