Возбудливиот и креативен предизвик да создадете нов амбиент во животниот простор, вообичаено започнува со изборот на совршената палета на бои за таа намена. Разумната и внимателна примена на бои може да направи чудо во ентериерот, па начинот на кој ги комбинирате тоновите е од особена важност. Ви претставуваме 20 комбинации на бои за кујната, кои не само што ќе го освежат и разубават катчето за готвење во вашиот дом, туку и ќе му дадат комплетно нова динамика. Инспирирајте се и вешто комбинирајте!