Kонтраверзниот филм “Carol” номиниран за Оскар во 6 категории!

Kонтраверзниот филм “Carol” номиниран за Оскар во 6 категории!

По мислењето на многу светски филмски критичари, филмот “Carol” е еден од најдобрите филмови од минатата година. Филмот имаше 5 номинации за Златен глобус, номиниран е за наградата Оскар и тоа во шест категории, при што се истакнува номинацијата на Cate Blanchett за најдобра женска улога и Rooney Mara за најдобра споредна женска улога.

images (1)

Филмот „Carol“ снимен е по книгата на Patricijа Highsmith од 1951. година, „The Price of Salt“. Иако авторката е светски позната како авторка на „Талентираниот господин Рипли“, ова е единствен нејзин љубовен роман, и тоа автобиографски. Главните улоги ги играат Carol Aird (Cate Blanchett), убава жена која штотуку се разведува од сопругот и се бори за старателство на детето и Therese Belivet (Rooney Mara), млада девојка која е несреќна во својата врска. Нивната случајна средба во една продавница, ќе биде почеток на нивната љубов.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Под сонцето
Следна објаваПаралелните светови во Торонто
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ