01,,Lily & The Snowman’’ (,,Лили и Снешко’’) е кус анимиран филм кој ја раскажува приказната за едно необично, но мошне емотивно пријателство. Секоја зима, магичниот снешко приредува волшебна претстава за малото девојче во градината. Лете, пак, тој нетрпеливо чека во ладилникот, надевајќи се дека и идната зима одново ќе се сретнат.

02

03Но, времето минува, а Лили расте, па се’ поретко има време за нејзиниот снежен пријател. Зачекорувајќи во светот на возрасните, таа целосно заборава на Снешко. Се’ додека еден ден убавите мигови кои ги минале заедно носталгично не ја вратат во детството. Ќе се сети ли одново да му посвети внимание на она што некогаш најмногу го сакаше?

04

05Филмот се прикажува како дел од рекламната кампања на канадската кино мрежа Cineplex. Погледнете ја снежната зимска приказна која ќе ви го стопи срцето и потсети кои нешта се вистински важни во животот. И не заборавајте: најдете време за она што го љубите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќта на Јагуар F – тип
Следна објава[Филм] Војна на ѕвездите: Силата се буди
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ