Ако патувате деновиве во Британија, погледнете ги хотелите со најдобро сместување!

Ако патувате деновиве во Британија, погледнете ги хотелите со најдобро сместување!

Британците навистина нудат голем број на преубави хотели кои чекаат да ве угостат и ви го направат престојот идеален.

The Ritz London

Дефиниција за спектакуларно место, кое сигурно би сакале да го посетите за Божиќните празници во Лондон, е секако Ritz. Било да се одлучите за коктел во барот Rivoli или пак за обилна божиќна вечера во The Ritz ресторанот. Лондонскиот култен хотел, секако вреди да се посети во ова време од годината. Ќе уживате на забавата во живо, менито со 5 zвезди и прекрасниот декор.

the-ritz

Lucknam park, Bath

За тие кои бараат традиционален селски Божиќ, Lucknam Park, ви го нуди удобниот втор дом за заслужен одмор. Денот го почнувате со доручек во кревет, продолжувате со шампањ, уживате со музика и пантонима, а во вечерните саати уживајте со вареното вино и пити. lucknam-park

Watergate Bay, Cornwall

Кој ви кажал дека само на лето можете да одите на плажа? За зимските прошетки на песок и топла оаза на враќање, Watergate Bay ви нуди домашен Божиќен одмор за 4 ноќи. Уживајте во базенот со таласи како и музиката додека се бањате во топлиот џакузи. Потоа легнете си во креветот со чаша шампањ и уживајте со погледот на море.

watergate-bay-1

Devonshire Arms, Yorkshire

Има ли нешто побританско од лежерна, зимска атмосфера во паб? Накитен за Божиќ од почетокот на месецов, The Devonshire Arms е пример за пријатен бжиќен празник. Со попладневниот чај или со вино од пабот и огромниот вински подрум, со луксузниот спа центар, никогаш не ќе сакате да го напуштите овој хотел. Ви следува масажа со чаша шампањ и прекрасен поглед на пејсажот.

the-devonshire-arms-2

Gleneagles, Perthshir

За тие со авантуристичкиот дух, Gleneagles хотелот е најдобриот избор за овој Божиќ. Од јавање на пони до лизгање на лед, учење изработка на кермика до голф натпревар, тука никогаш нема да ви биде досадно. Но тоа не е се – има тенис и игри за релаксирање, како и дегустација на вина и традиционалниот Божиќен ручек.

gleneagles

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Музика и Танц“ – Новогодишен концерт со класична музика за деца- Пламенка Трајковска гудачки квартет
Следна објаваФотореалистични архитектонски слики
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР