Ви го претставуваме ресторанот “Pablo” кој е специјализиран за правење на свеж и вкусен чизкејк и солени торти, а кој се наоѓа во Јокохама, Јапонија. Внатрешноста на ресторанот потсетува на “магична шума”, и уште при самиот влез најпрво ве пречекуваат кривулести и вдлабнати структури кои наликуваат на стебла од дрва кои при тоа се покриени со многу зеленило. Интересен момент во овој ресторан е тоа што посетителите и гостите додека ја чекаат својата нарачка можат да го набљудуваат процесот на спремање на храната. За овој интересен проект се погрижи дизајнерското атеље “RONDO”. Архитектонската изведба е во склоп со главниот концепт на ресторанот-да се служи храна подготвена во моментот кога гостите ја нарачуваат и тоа со една единствена цел а тоа е да се задржи вкусот на храната. На овој начин им се овозможува на гостите да го минат времето на чекање на еден продуктивен начин. Погледенете како изгледа сето тоа!pa-110814-01-940x670-e1413187430338

pa-110814-06-940x670-e1413187481758

pa-110814-07-940x670-e1413187495927

english_2

IMG_4892

pa-110814-05-940x670-e1413187459564

e112de81ab25bfb59306a562dd805599

tokyo-222-e1413187401184

pa-110814-09-940x1317-e1413187386744

pablo-tart-varieties

НЕМА КОМЕНТАРИ